Христијан Мицкоски узурпирал државно земјиште, па наместо да го врати организира приватни протести

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски узурпирал државно земјиште во општина Карпош за да си направи пристапна улица до неговиот дом, одземајќи нешто повеќе од 5 метри од дворот на Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, дознава Инфомакс.

Узурпираното земјиште сега се бара да се врати назад во непречено владение на училиштето „Димо Хаџи Димов“, до кое и живее Мицкоски, но наместо тоа тој организира приватен протест со кој планира да го заштити узурпираниот имот, притоа лишувајќи ги жителите на населбата Влае од нова градинка, црква и целосно нова улица која според новиот ДУП треба да биде целосно и одново изградена.

Приватниот протест кој го организира Мицкоски треба да се одржи утре, а барањата од протестот според повикот на социјалните мрежи се спречување на изградбата на новата улица, како и градинка но и една станбена зграда.

Претходно, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски го обвини Мицкоски дека иако узурпира државно земјиште, наместо одговорност првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ активно го блокира развојот на општината и жителите на населбата заштитувајќи си го само сопствениот комодитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…