Спасовски: Вратата од ЕУ ни е отворена, од нас зависи дали ќе го преминеме прагот

t

Креирањето на заедничките политики е само предуслов за заедничко функционирање во рамки на Европската Унија. Вратата е отворена. Од нашите заложби зависи дали ќе го преминеме прагот. Но она што сигурно знам е дека решително чекориме напред. Европскиот моментум е неминовен – порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на министерскиот форум посветен на внатрешни работи и правда ЕУ – Западен Балкан 2023 што се одржува во Скопје.

– Посебна чест ми претставува што токму Република Македонија, за само четири години повторно ги отвори вратите како домаќин на Форумот ЕУ – Западен Балкан, овој пат во момент кога светот, како никогаш досега во поновата историја не бил пред така силни геополитички, па и цивилизациски предизвици, кои нужно бараат соодветни и глобални одговори. Оти едноставно, никој не е заобиколен од последиците коишто можат, во годините пред нас, да произлезат од актуелните случувања – потенцираше министерот Спасовски.

Тој зрази уверување дека преку овој форум ќе исползуваме илустративно да ги прикажеме нашите резултати и постигнувања во изминатиот период, да се разменат мислења и ставови кои ќе дадат придонес кон зајакнување на соработката и заедничките политики.

-Тука, особено би го истакнал зборот „заедништво“. Бидејќи не случајно сме собрани овде сите заедно. Факт е дека креирањето на заедничките политики е само предуслов за заедничко функционирање во рамки на Европската Унија. Вратата е отворена. Од нашите заложби зависи дали ќе го преминеме прагот. Но она што сигурно знам е и дека решително чекориме напред. Европскиот моментум е неминовен – смета министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…

Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…

Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…