Мецола: Да не го оттргнуваме вниманието од Украина бидејќи тоа би го сакал Путин
Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска изјави дека Европската унија продолжува да и помага на Украина во воена и финансиска смисла и дека ситуацијата на Блискиот Исток не треба да го оттргне вниманието од Украина, бидејќи тоа би го сакал рускиот претседател Владимир Путин.
Кога пристигна на самитот на Европскиот совет во Брисел, таа рече дека е важно да се дозволи испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа и повика на безусловно ослободување на сите затвореници.
„Хамас мора да се запре“, рече Мецола.
Зборувајќи за политиката на Европската унија кон мигрантите, таа изјави дека ЕУ ќе најде компромис за да го финализира својот миграциски пакт пред крајот на мандатот на овој Европски парламент.
Таа, сепак, додаде дека има уште многу работа, особено во однос на враќањето на мигрантите во нивните земји на потекло.
„Последните неколку дена ни покажаа дека има одредени дупки“, рече Мецола, алудирајќи на неодамнешниот терористички напад во Брисел што го изврши мигрант од Тунис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…