Скршениот Либан не може да си дозволи војна, а Хезболах го знае тоа
Со урнатата економија и државата пред распаѓање, Либан не може да си дозволи нова војна меѓу Хезболах и Израел. Хезболах поддржан од Иран го знае ова и ги има на ум кризите во Либан додека ги подготвува следните чекори во конфликтот со Израел, велат изворите на британската новинска агенција Ројтерс.
Додека војната меѓу Израел и палестинскиот сојузник на Хезболах, Хамас одекнува низ Блискиот Исток, ризикот од војна меѓу Хезболах и Израел останува поголем од било кој момент од нивниот последен голем конфликт во 2006 година.
Аналитичарите велат дека шиитската група би можела да ескалира доколку Хамас биде поразен во Појасот Газа на 200 километри оддалеченост, додека либанските лидери стравуваат дека Израел би можел да избере да поттикне голем конфликт со Хезболах.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве како полицијата во Италија се подготвува…
Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…
Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…
Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…
Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…
Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…
„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…