Луѓето во Белорусија, Косово и Украина имаат најмалку пари за трошење

t

Со 26.271 евра куповната моќ на просечниот жител на Германија во 2023 година ја прави деветта најсилна во Европа, односно позицијата е послаба од лани.

Бројката се однесува на приходот по жител по даноците и социјалните бенефиции, според нирнбершкиот институт за истражување на пазарот GfK.

Највисока куповна моќ имаат жителите на Лихтенштајн, 68.843 евра, пред Швајцарците со 49.592 и Луксембуржаните со 40.931 евро. Следат Исланѓаните, Данците, Ирците, Австријците и Норвежаните.

Просечната куповна моќ во европските земји годинава е 17.688 евра.

Луѓето во Белорусија, Косово и Украина имаат најмалку пари за трошење, нешто помалку од 2.500 евра.

Вкупно, жителите на 42 европски земји годинава имаат на располагање 12.100 милијарди евра за храна, домување, услуги, сметки, приватно лекување и пензии, разни осигурувања, одмори, мобилност и забава.

Просечната куповна моќ по Европеец е зголемена за номинални 5,8 отсто од 2022 година, но тоа нема да биде доволно за да се покрие реалниот пад на приходите поради инфлацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…

Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…

Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…

Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…

Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…