Фезер: Ќе се погрижиме луѓето кои немаат право да останат во Германија побрзо да ја напуштат нашата земја
Ќе се погрижиме луѓето кои немаат право да останат во Германија побрзо да ја напуштат нашата земја“, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.
Таа рече дека протерувањето на оние кои немаат право на престој во Германија е неопходно за да можат да ги исполнат обврските кон оние на кои навистина им е потребна хуманитарна помош и заштита. „Заострувањето на законот е неопходно за да можеме да продолжиме да ја исполнуваме нашата одговорност кон луѓето кои бараат заштита од терор и војни, како што е случајот, на пример, со над 1,1 милион бегалци од Украина“, додаде социјалдемократската министерка.
Целта на предлог-законот, кој допрва треба да помине во собраниска процедура, е да се намалат моменталните отежнувачки околности што стојат на патот за поефикасен процес на протерување од Германија. Така, притворот што претходи на депортацијата би можел да трае 28 дена наместо досегашните 10. Покрај тоа, полицијата ќе може да бара лица на списокот за депортација во домовите за бегалци и да влегува во просториите на другите жители кои им даваат сместување, не само оние кои се бараат..
На ист начин, повеќе нема да има најава за депортација, по што во минатото многу луѓе се засолнуваа на непозната адреса пред депортација, а можно е да се прегледаат мобилните телефони и компјутерите за да се потврди државјанството на лице кое треба да биде депортирано. Депортациите често не успеваат затоа што луѓето на кои не им е даден статус на бегалец или на кои им е одбиен азил ги уништуваат нивните лични документи и одбиваат да дадат информации за нивното потекло, па властите не можат да одредат во која земја треба да бидат депортирани.
Ќе бидат отстранети и правните пречки за да се овозможи побрза депортација на луѓето кои го прекршиле законот или лицата кои се сметаат за опасни поради нивното екстремистичко потекло.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…
Во државните институции се случува историски пресврт,…
Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…
Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…
Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…
Израел може да ги погоди сите нуклеарни…
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…