По Македонија, Фон дер Лајен ќе ја посети и Србија

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторник ќе престојува во Белград, како дел од четиридневната посета на Западен Балкан, каде што доаѓа да ги презентира деталите од Планот за раст на ЕУ за регионот, соопшти Европската комисија.


Како што се наведува во соопштението, за време на посетата на Белград, каде што ќе пристигне во вторник попладне, Фон дер Лајен ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.
Таа во недела ќе ја започне четиридневната посета на Западен Балкан, а покрај Белград ќе ги посети и Македонија, БиХ, Црна Гора и Приштина.


„Ова ќе биде можност да се разговара за билатералната соработка, а особено подетално да им се претстави на регионалните лидери Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан“, наведуваат од Европската комисија.
Претседателот на ЕК во недела во Скопје ќе се сретне со претседателот на Македонија, Стив Пендаровски, а во понеделник претпладне со премиерот Димитар Ковачевски.
Таа потоа ќе отпатува за Приштина, каде што ќе се сретне со претседателот и премиерот на привремените приштински институции, Вјоса Османи и Албин Курти.


Фон дер Лајен во вторник наутро ќе престојува во Подгорица каде ќе разговара со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ и со техничкиот мандатар Дритан Абазовиќ, а во вторник попладне ќе отпатува за Белград.
Тој во среда во Сараево ќе разговара со членовите на Претседателството на БиХ и со претседателката на Советот на министри, Борјана Кристо.
Фон дер Лајен ќе одржува прес-конференции за време на сите посети, соопшти Европската комисија, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…