(Видео) Вака изгледа пеколот! Протече снимка од појасот Газа по израелската инвазија

t

На социјалните мрежи протече ретка сннимка од внатрешноста на Појасот Газа, спасувачките служби бараат луѓе заробени под урнатините на нивните домови во целосна темнина.

Израелската авијација и артилерија работат континуирано.

Интернетот, фиксната и мобилната телефонија од вечерва се во прекин во Појасот Газа по интензивно израелско бомбардирање.

Црвената полумесечина соопшти дека изгубила секаков контакт со седиштето и медицинските тимови. Тие исто така изјавија дека стравуваат дека луѓето повеќе нема да можат да контактираат со итните служби.

И други хуманитарни организации известуваат дека не можат да контактираат со својот персонал на терен.

Палестинската телекомуникациска компанија „Палтел“ најави „целосен прекин на сите комуникациски и интернет услуги“ поради бомбардирањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…

Силно невреме со град поголем од лешник…

Холандија се откажува од Евровизија

Холандија нема да учествува на Евровизија следната…

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…

Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…

Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…