Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на Основниот суд во Куманово
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана Манев за претседателка на Основниот суд во Куманово. Со девет гласа за и еден против, Манев беше избрана бидејќи, според Советот, била единствен кандидат и ги исполнувала сите услови наведени во огласот.
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана Манев за претседателка на Основниот суд во Куманово. Со девет гласа за и еден против, Манев беше избрана бидејќи, според Советот, била единствен кандидат и ги исполнувала сите услови наведени во огласот.
Таа досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Основниот суд во Куманово.
За судијката Манев неодамна во јавноста имаше реакции по дописите од Министерството за правда со кои се бараше Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијката Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет. Судскиот совет реагираше на изјавата на министерот за правда Кренар Лога, оценувајќи дека ова прашање е во надлежност на Институтот.
На денешната седница беше повторно донесена одлука да има оглас за избор на претседател на Основниот суд Велес, бидејќи единствениот пријавен кандидат на претходниот оглас немал доставено уредна документација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
Апелација ја укина затворската казна за убиството…
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…
Од силен ветер падна парче лим од…
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…