Објавено на:

Рускиот патријарх: Христијанските лидери да се обединат во заштита на Светата земја

t

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил ги повика христијанските лидери ширум светот да се здружат во одбрана на мирот и спокојството во Светата земја и предупреди на можен бран на христијански бегалци поради ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт. Тој ова го изјави на средба со делегација на Асирската црква на Истокот предводена од Неговата Светост Католикос-Патријарх Мар Ава Трети.

„Конфликтот во кој се вклучени Палестинците и Израелците одзема многу животи и создава многу опасна, експлозивна ситуација во овој регион. Оние кои се директно поврзани со Светата Земја денеска може заеднички да го кренат својот глас за одбрана на мирот и спокојството во Светата земја“, рече патријархот.

Оваа земја, додаде тој, заслужува да може да живее во мир барем во 21 век.

Претставникот на Руската православна црква, исто така, потсети дека сите такви конфликти, како што е познато од историјата, на крајот доведуваат до појава на бегалци кои го напуштаат Блискиот Исток, а „многу често овие бегалци се христијани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот патријарх Кирил: Вештачката интелигенција е поопасна…

Државата треба строго да го контролира развојот…

Земјата денеска во 14.28 часот ќе биде…

Денеска во 14 часот и 28 минути,…

Земјата се разделува од „мини месечината“

Планетата Земја се разделува со астероидот кој…

Двајцата астронаут ќе се вратат на Земјата…

Американската вселенска агенција, НАСА денеска одлучи дека…

Кинеска сонда се враќа кон Земјата со…

Кина известува за успешен старт на модулот…