Втора жртва – ПОЧИНА И СТАРИЦАТА која ја правела ОТРОВНАТА ПИТА во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје. Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување.
Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија.
Според информациите кои роднини им ги кажале на медиумите, питата ја правела повозрасната жена со два вида брашно и со праз.
Од Клиниката за Токсикологија соопштија дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.
Инаку, „метомил“ е инсектицид и е опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава.Познат е и како „ Ланата“ ова е отровот за кој се претпоставува дека е виновен и за труењето на многу кучиња низ цела држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Само 265 лица од Македонија со бугарски…
Многу слаб интерес владее во Македонија за…
Новинарка на N1 спречена да влезе во…
Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…