ВИДЕО: Уапсен поради пуштање глувчиња во ресторани на „Мекдоналдс“ во Бирмингем
Во Велика Британија, 32-годишен маж е уапсен во врска со неколку случаи на пуштање живи глодари во рестораните на „Мекдоналдс“ во Бирмингем, Англија.
Полицијата соопшти дека следи распит на втор човек, идентификуван како Билал Хусеин (30), во врска со инцидентите, коишто се чини дека се протести поврзани со конфликтот во Газа. На видео коешто се шири на интернет, може да се видат гости во ресторан како панично скокаат додека околу нив трчаат глувци обоени во боите на палестинското знаме.
Пропалестинските активисти, наводно, повикале на протести против „Мекдоналдс“, откако нивен ресторан во Израел дарувал храна за израелски војници и безбедносниот персонал, preneuva „Телеграф”.
Полицијата соопшти дека инцидентите се третираат како прекршоци на јавниот ред.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Словенија го одлага признавањето на Палестина
Словенечкиот парламент денеска треба да расправа за…
Бомба од словенечкиот премиер: Словенија ќе ја…
Словенечката влада во четвртокот ја одобри одлуката…
САД се противат на „едностраното“ признавање на…
САД се противат на „едностраното“ признавање на…
Нетанјаху ги нападна САД и МКС: Како…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се спореди себеси…