Зеленски предупредува: Со наближување на зимата, Русите се повеќе ќе ги интензивираат нападите со дронови и ракети
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека со доближувањето на зимата руските напади со беспилотни летала и ракети врз Украина ќе станат посилни, но дека Украина силно ќе одговори.
„Оваа ноќ имаше напади со околу четириесет дронови „Шахед“. Повеќе од половината од нив беа соборени… Чуварите на небото беа ефективни на територијата на десет региони – Харков, Запорожје, Херсон, Николаев, Одеса, Киев, Кировоград, Виница, Хмелницки, Лавов… Свесни сме дека, како што наближува зимата, руските терористи ќе се обидат да направат поголема штета. Ние ќе му одговориме на непријателот. Силно“, рече Зеленски на својот канал на Телеграм.
Руските војници синоќа ја нападнаа Украина со околу 40 беспилотни летала „Шахед“ и со наведуваната ракета „Х-59“, јави агенцијата Униан, додавајќи дека украинската воздушна одбрана уништила 24 беспилотни летала и ракетата.
Повеќето од беспилотните летала беа испукани врз Лавовскиот регион, вкупно 16. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 31-годишен маж, ја нападнал својата 18-годишна…
На 21.09.2026 во 22:20 часот во Свети…
Ердоган: Газа е најнехуманиот, најсрамниот концентрационен логор…
Турскиот претседател Таип Ердоган денес пред Генералното…
Макрон од говорницата на ОН предупреди дека…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во своето…
(Видео) Струмичката полиција откри нелегална плантажа и…
СВР Струмица реализираше акција во подбеласичкиот регион…
Недостиг на дел од горивата на француските…
Дел од бензинските пумпи во Франција остануваат…