Нетанјаху: Ние сме во пикот на борбата во Газа

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека битката во Газа е „во својот пик“ и дека израелските сили ја поминале периферијата на градот Газа.

„Ние сме во пикот на борбата. Постигнавме импресивен успех и ја поминавме периферијата на градот Газа. Напредуваме“, соопштија од кабинетот на Нетанјаху, но, како што пренесува Би-Би-Си, во соопштението не се дадени дополнителни детали.

Израел претходно денеска го гранатираше бегалскиот камп Буриџ во центарот на Газа.

Портпаролот на цивилната одбрана во Газа, Махмуд Басал, истакна дека на возилата на цивилна одбрана и тимовите за итни случаи им е тешко да пристапат и да ги расчистат урнатините. Под урнатините наводно се заробени десетици лица, а нападот создал голем кратер и сериозно оштетил неколку околни згради.

Покрај тоа, одбранбените линии на Хамас во северниот дел на Појасот Газа продолжуваат да паѓаат, додека неговите членови се повлекуваат на југ кон центарот на енклавата.

Според портпаролот на израелската армија Даниел Хагари, израелските војници продолжуваат да ги уништуваат одбранбените линии на Хамас на северот на Појасот Газа и да ја преземат контролата врз централните области. Хагари тврди дека израелските сили имаат „надмоќ “ во секоја конфронтација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прв човечки случај на вирусот Шамонда потврден…

Француските здравствени власти го потврдија првиот документиран…

(Видео) Празни рафтови во земјата со најдобрата…

Италија, светски позната по својата кујна, се…

Штокер: Билатералните прашања не смеат да го…

Самит на лидери од Берлинскиот процес се…

Владините веб-страници навремено блокирани по заканите за…

Веб-страниците на владата и на министерствата беа…

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности…

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки…