Германија ги поддржува намерите на Украина да стане кандидат за членство во ЕУ

t

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека е уверена оти ЕУ ќе ја поддржи кандидатурата на Украина да се приклучи на блокот следниот месец на самитот што се смета за клучна пресвртница во напорите на Киев да се интегрира со Западот.

Претставувајќи го проширувањето на ЕУ како геостратешка неопходност, Бербок на конференцијата во Берлин рече дека блокот од 27 нации, исто така, треба да продолжи со исцрпувачките внатрешни реформи за да може да функционира со повеќе од 30 членки.

Таа рече дека ја гледа Украина како членка на Европската унија.

– Европската унија мора да се прошири, што е геополитичка последица на руската агресија врз Украина, рече шефицата на германската дипломатија.

На самитот на 14 и 15 декември лидерите на ЕУ ќе одлучат дали на Украина ќе и одобрат формален почеток на преговорите за членство, што е врвен приоритет на Киев заедно со финансиска и воена поддршка од Западот.

– Убедена сум дека Европскиот совет ќе испрати таков сигнал во декември, рече Бербок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва ќе се прска против комарци на…

Град Скопје, во соработка со Општина Кисела…

Теле било спасено на Китка, ама директорот…

Навистина е спасено теле во пожарот на…

Пожар кај Пробиштип се шири во близина…

Сериозен пожар попладнево избувна во селото Гујновце,…

Иранската државна телевизија емитувала закани до синот…

Иранската државна телевизија емитуваше сегмент на Канал…

Ангелов: Го надлетавме Водно, нема ниту чад…

Штотуку го надлетавме Водно, нема ниту чад…