Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање на дипломатски претставништва во Скопје и Сеул
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска остварил средба со потпретседателот на Националното собрание на Република Јужна Кореја, Чунг Ву Таик, на која е изразено уверување дека ваквите средби се одлична основа за понатамошно интензивирање и продлабочување на билатералната соработка на сите нивоа.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Џафери ја истакнал потребата од отворање на резидентни дипломатски претставништва на двете држави во Скопје и Сеул, со што, како што се посочува, уште повеќе ќе се зајакне можноста за блиска и непосредна комуникација, пред се во рамките на взаемната економска и трговска соработка.
Претседателот Џафери на средбата зборувал за досегашната добра соработка на мултилатерален план, пред сѐ во рамките на ООН, а ја подвлече и нашата определба како полноправна членка на НАТО, тесно да соработуваме со Јужна Кореја која е активен партнер на НАТО. Во таа насока, изразил надеж дека воените дејствија во Украина и на Блискиот исток ќе завршат и го повтори ставот со кој се придружуваме на повиците на НАТО Алијансата за итно запирање на сите воени дејствија и враќање на дијалогот на маса.
Потпретседателот на Националното собрание на Јужна Кореја, Чунг Ву-Таик, изразил поддршка на Јужна Кореја за нашиот евроинтеграциски пат и започнувањето на преговорите со Европската Унија.
Како што се наведува во собраниското соопштение, Ву-Таик ја изразил готовноста на Јужна Кореја во наредниот период да стави уште поголем акцент на економската соработка, особено во делот на директните инвестиции, конкретно во автомобилската индустрија и уверувањето дека во наредниот период ќе има можности за дискутирање на многуте теми од областа на економската соработка со соодветните државни институции на двете земји. Ву-Таик изразил однапред благодарност за побараната поддршка од Република Северна Македонија за нивното кандидирање за организација на ЕКСПО 2030 година.
На крајот на средбата, како што се посочуваат од Собрание, соговорниците изразија надеж дека овие средби ќе продолжат со зачестен интензитет и во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…