УХМР: Во следните 24 часа се очекуваат уште пообилни врнежи на дожд од денес
Синоптичарите најавуваат дека во следните 24 часа не очекуваат пообилни врнежи од дожд и тоа прво на западот, а потоа и на целата територија на државата. На одредени места се очекува врнежите да бидат и над 40 милиметри, известуваат од УХМР.
Оттаму предупредуваат дека, доколку овие врнежи се со голем интензитет и за кратко време паднат на одредени помали сливни површини, во текот на ноќта и утрото можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како покрај водотекот така и на патната инфраструктура која е во негова близина. На одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби поради истечни и канализациски води можна е појава на локални комунални проблеми.
– Соодветно резултатите што ги добиваме од моделите врнежи ќе има на целата територија на државата. Поголема внимателност генерално е потребна на западот, југозападот, северот, североистокот и истокот на Македонија, како и во одредени централни делови од државата.
Синоптичарите истакнуваат дека генерално водотеците низ државата се со ниски и потпросечни протекувања за овој дел од годината, но секако треба да се внимава кај помалите водотеци во прикажаните делови од државата.
– Поради погоре прикажаното препорачуваме внимателно движење покрај реките и суводолиците поради можна појава на опасни води и свлечишта, препорачуваат од УХМР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силно невреме во Муртино, поплавени ниви и…
Силно невреме попладнево го погоди струмичкото село…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
Невреме со силен дожд и град во…
Републичкиот завод за метеорологија на Србија издаде…
СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН Температура до 22…
Во Скопје, сончево со мала до умерена…
УХМР алармира: Обилен снег вечерва на планините,…
Управата за хидрометеоролошки работи издаде актуелно предупредување…