Објавено на:

Украина поднесе кривична пријава против поглаварот на Руската православна црква

t

Украинската служба за безбедност (СБУ) на 4 ноември објави дека поднела кривична пријава против поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил за „оправдување“ на руската инвазија. Пријавата му е поднесена во отсуство.

Во пријавата се вели дека Кирил е „член на потесниот круг на највисокото воено и политичко раководство на Русија и … еден од првите што јавно ја поддржа војната против Украина“.

Во октомври, украинските пратеници гласаа за забрана на Украинската православна црква (УОЦ) поврзана со Москва, обвинувајќи ги нејзините свештеници за соработка со Русија, јавува уУкраински сервис на Радио Слободна Европа.

Кирил, кој е поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, ја нарече војната историска битка против „силите на злото“.

Украинските власти го обвинуваат Кирил за „нарушување“ на територијалниот интегритет на Украина, оправдување на вооружена агресија и планирање и подготвување „агресивна војна“.

„Се преземаат сеопфатни мерки за изведба на сторителот пред лицето на правдата за злосторства против нашата држава“, се вели во соопштението.

Според Службата за безбедност, од почетокот на целосната инвазија на Русија, според материјалите на специјалната служба, се покренати 70 кривични постапки против претставници на Украинската православна црква – Московска патријаршија, од кои 16 се митрополити на црквата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет активни пожари низ Македонија

На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…

Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…

Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…

Млада бремена жена вчера била убиена, а…

Екс командант на ОВК со директна закана:…

Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати…

АХВ уништи над 27,5 тони небезбедно УХТ…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…