Објавено на:

Иран бара одземање на нуклеарното оружје од Израел

t

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан ги повика Советот за безбедност на ОН и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да преземат итни мерки за разоружување на Израел.


„Изјавата на израелскиот министер дека треба да се користи атомската бомба ја покажува вистинската неспособност на режимот да се спротивстави на отпорот. Советот за безбедност на ОН и Меѓународната агенција за атомска енергија мора да преземат итна акција за разоружување на овој варварски и апартхејд режим. Утре ќе биде доцна. Целосната одговорност за овој геноцид е на Белата куќа“, напиша Абдолахиан на социјалната мрежа Х, коментирајќи ги зборовите на екстремно десничарскиот министер за наследство Амихаи Елијаху кој рече дека постои можност за нуклеарен напад врз Појасот Газа.


Изјавата на Илијаху ја осуди и Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати.


„ОАЕ најостро ги осудува срамните и неприфатливи изјави на министерот во израелската влада Амихаи Елијаху во врска со фрлањето нуклеарна бомба врз Појасот Газа“, се вели во соопштението.
ОАЕ ги сметаат неговите зборови „поттикнување на сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и воени злосторства“, сметаат дека употребата на нуклеарно оружје е неприфатлива и повикува на прекин на огнот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Израел не е вазална држава, во…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на состанок…

Oчајна слика во Рафа: Палестинците во обид…

Семејството Ансеир ги натовари своите скудни работи…

Ердоган: Xитлеp би позавидел на геноцидните методи…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска…

Протести во Тел Авив, Израелците бараат ослободување…

Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи…

Бајден: Прекин на огнот во Газа е…

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во саботата…