ГОЛЕМ ЧОВЕК! Ѓоковиќ и пожарникар спасиле девојче од налетот на разулавените фанови
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, во соработка со пожарникар, спасил девојче од можно стампедо по финалето на Мастерсот во Париз каде го совлада Бугаринот, Григор Димитров.
По мечот, Ѓоковиќ тргна да се поздрави со дел од своите навивачи, но кон него тргнале и оние од погорните редови на трибината во Берси кои буквално го загубиле паметот во обидот да го допрат тенискиот бог. Во таков налет, тие не гледале што се случува пред нив и девојчето го притиснале до оградата по што тоа почнало да вриска.
За среќа, ситуацијата ја забележал еден пожарникар кој бил на теренот и неговата експресна реакција, заедно со Ѓоковиќ, можеби му го спасило животот на девојчето. Во прегратка на Ѓоковиќ, тоа се смирило и безбедно ја напуштило арената Берси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Расте бројот на пациенти кои бараат помош…
На Клиниката за психијатрија во првите седум…