Гутереш: Газа се претвора во гробишта за деца, има итна потреба од решение и хуманитарен прекин на огнот

t

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска рече дека ситуацијата во Газа претставува „криза на човештвото“ и дека палестинската енклава брзо „станува гробишта за деца“, јави Би-Би-Си.

„Стотици девојчиња и момчиња се убиени или повредени секој ден“, рече на прес-конференција Гутереш.

Тој додаде дека конфликтот „го потресе светот“ и дека „уништува толку многу невини животи“.

Гутереш ја повтори својата осуда за „грозоморните терористички акти извршени од Хамас на 7 октомври“, велејќи дека неговите борци користеле цивили како „човечки штитови“ и продолжиле да го напаѓаат Израел.

„Ништо не може да го оправда намерното мачење, убивање, ранување и киднапирање цивили. Заштитата на цивилите мора да биде најважна“, рече тој.

Шефот на ОН, исто така, изрази загриженост поради „ескалацијата“ на непријателствата како резултат на војната меѓу Израел и Газа.

Тој ја повика меѓународната заедница да се справи со „ризиците од прелевање на конфликтот во поширокиот регион“.

„Веќе сме сведоци на спирала на ескалација од Либан и Сирија, до Ирак и Јемен“, додаде тој.

Гутереш смета дека има итна потреба од решение и повика на итен хуманитарен прекин на огнот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев лут на ЕП за критиките за…

Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…

Петровска: На СДСМ му треба лидер со…

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…

Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…

Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…

Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…

Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…