Издадена е втората граѓанска обврзница од 17 милиони евра

t

Издадена е втората граѓанска обврзница во износ од 17 милиони евра, со каматна стапка од 5 насто и рочност од две години. На аукцијата се пријавиле 907 граѓани – интересот е голем, обврзницата е препознатлива од народот – велат од Министерството за финансии.

„Граѓанската обврзница им нуди на граѓаните сигурност и безбедност за вложените пари, како и атрактивна камата, преку која ја заштитуваат вредноста на парите. Од друга страна, инвестираат и во развојот на државата, затоа што парите добиени од граѓанската обврзница, како и другите обврзници кои се предвидени со планот за забрзан раст и стратегијата за управување со јавен долг, се насочени во реализација на развојни проекти“ – велат од Министерството за финансии.

Економистите сметаат дека во услови на висока инфлација ова е добар финансиски инструмент за да се привлечат пари во буџетот, а на граѓаните им дава алтернатива да добијат дополнителни парични средства. Експертот Абдил Бауш смета дека парите од граѓанската обврзница треба да бидат насочени кон капитални инвестиции кои би придонеле за економски раст и развој. Како проблем го посочува задолжувањето на државата.

„Проблемот е што веќе почнуваме да се задолжуваме премногу. Алармантноста е тоа што ние веќе само сервисираме долгови и во тие задолжувања не гледаме проекти кои би ги вратиле тие средства понатаму во буџетот, за да можат тие понатаму да се предвидат во економскиот раст и развој на државата“, изјави Абдил Бауш – економски експерт.

Најмалата сума што може да се инвестира во граѓанската обврзницата е 10 илјади денари.

Првата аукција на граѓанската обврзница во земјава се одржа во јули годинава. Планот беше во буџетот да се обезбедат 10 милиони евра, но поради големиот интерес на граѓаните, се издадоа обврзници во вредност од речиси 24 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ситуацијата со долгот на Америка рапидно се…

Задолжувањето на САД оваа година е на…

Издадена е втората граѓанска обврзница од 17…

Издадена е втората граѓанска обврзница во износ…

Почна ли кризата? Американците се жалат дека…

Американците клиенти на големите банки меѓу кои…

Ограничена маржа или пониски даноци – кој…

Новите правила на пазарот треба да ја…

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот сектор е во добра кондиција…

Банкарскиот сектор кај нас, според последните расположливи…