(Видео) Петровски: Еве зошто Меџити и таквите како него се плашат од евентуално враќање на Груевски!

t

Зошто дел од албанските партии и политичари се плашат од евентуално враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во денешната епизода на Тешки муабети објасни Филип Петровски, раскажувајќи случја од периодот кога бил директор на Државниот архив на Република Македонија.

– Поставив, во ходник во Државниот архив кој беше голем и празен, оригинални фотографии од ВМРО, војводите и слично. Следниот ден кога дојдоа Албанците почнаа да се бунат и меѓу другото дојде мојот заменик кој побара да се стават слики од балистите, на што одговорив:

Балисти ќе ставиме кога ќе добијам рецензија од Институт за национална историја дека тие се важни за историјата на Македонија. Овие тука загинале за ти денес да можеш да седиш во фотелја. И се закани тогаш дека ќе му се жалел на Али Ахмети, јас му кажав на Груевски дека нема да им попуштам и дека може да му се жалат, тој ми даде поддршка, вели Петровски кој вели дека на крај заменикот-директор си поднел оставка бидејќи никој не му попуштил и не ги прифатил неговите барања.

– Изет Меџити и овие другите се плашат да се врати Груевски затоа што кога ВМРО е силно, кога има силен лидер, кога се штитат македонските национални интереси, тие не можат да постигнат ништо. Меџити и овие како него можат да бидат важни само во една ваква консталација на Мицкоски и компанија, не можат да бидат важни ако е тука Груевски или некој како него, е затоа се плашат од враќање на Груевски, вели Петровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…

Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…