Зеленски оптимист: Украина ќе биде дел од ЕУ!

t

Украина „ќе биде дел од Европската унија“, изјави претседателот Володимир Зеленски пред објавувањето на извештајот за напредокот на Украина, која има статус на кандидат за прием во Унијата.

„Утре е важен ден“, рече тој во својата дневна порака до граѓаните, оценувајќи го како „историски“ извештајот што ќе биде официјално објавен утре.

Европската комисија ќе ја објави својата проценка за состојбата на напредокот на голем број земји кандидати и ќе одлучи дали ќе ги отвори пристапните преговори со Украина, Молдавија и Грузија, што ќе биде потврдено на самитот на ЕУ во Брисел во средината на декември.

Зеленски потврди дека неговата земја веќе ги подготвува следните чекори, особено со зајакнување на институциите.

„Украина ќе биде дел од Европската унија“, вети претседателот, осврнувајќи се на „долгиот пат“ што веќе е поминат во приближувањето кон ЕУ од јуни 2022 година, кога Украина доби статус на кандидат за прием, што е многу симболичен гест – забележува Франс прес.

За да премине во следната фаза – отворањето на претпристапните преговори, Европската комисија дефинираше седум референтни критериуми за Украина, услови кои таа треба да ги исполни, особено во однос на борбата против широко распространетата корупција и судските реформи.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во септември оцени дека Украина постигнала „голем напредок“, а во саботата во Киев со Зеленски разговарала за проширување на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…