Хамас сакаат трајна војна во Израел!
Со нападот на 7 октомври на југот на Израел, високи претставници на Хамас имаа за цел „да ја променат целата равенка“ и да го вратат вниманието на палестинското прашање, а во исто време сакаа „трајна војна“, рече Халил ал-Хаја, член на Политбирото на Хамас во Катар.
„Она што би ја променило равенката вклучуваше голем чин, и без сомнение, беше јасно дека реакцијата на овој значаен чин ќе биде голема. Моравме да им кажеме на луѓето дека палестинското прашање нема да исчезне“, изјави Ал-Хаја за The Њујорк Тајмс..
Ал-Хаја и другите членови на Хамас негираа дека сакаат да владеат со Газа, наместо тоа изразувајќи поддршка за „бескрајниот конфликт“.
„Се надевам дека воената состојба со Израел ќе стане постојана на сите граници и дека арапскиот свет ќе застане со нас“, изјави медиумскиот консултант на Хамас, Тахер ал-Нуну.
Ал Хаја додаде дека целта на Хамас не е да владее со Газа и „да се занимава со прашањата за вода, струја и слично“.
„Оваа борба не е затоа што сакавме да добиеме гориво или работна сила. Ние дури и не бараме подобрување на ситуацијата во Газа. Оваа ситуација е целосно да ја промени ситуацијата“, рече Ал-Хаја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…
Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…
Двајца израелски војници се убиени во Јужен…