(Документи) Како да станеш милионер од позиција на претседател на Врховен суд : Катица Јанева со подарени троседи, а Беса Адеми со станови и фирми

t

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми целата своја професионална кариера ја има поминато во институциите, односно целиот свој живот егзистенцијата ја обезбедувала со државна плата.

Во нејзината биографија стои дека на 15.12.1990 г. започнала да работи како приправник-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 8.2.1994 г. била стручен соработник во истиот суд. Во периодот од 9.12.1999 г. до 14.6.2004 г. работела како заменик јавен правобранител на РМ во Јавното правобранителство на РМ. На 15.6.2004 г. со одлука е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел. На 7.7.2009 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Македонија. Има солидно познавање на англиски јазик. Искуство во работа со компјутери има во word. Член е на комисија за правосуден испит. На 12.02.2021 од страна на Судскиот Совет на Република Македонија е избрана за Претседател на Врховниот суд на Република Македонија.

Со оглед на фактот дека државните плати не се многу високи, зачудува богатството со кое што располага Беса Адеми.

Според првичните проценки, имотот со кој што располага Беса Адеми вреди и до милион евра, пари кои тешко се зараборуваат во државна служба. Најиндикативно во нејзиниот анкетен лист е тоа што како имот на брачен другар пријавува орочен денарски депозит во висина од 160 000 евра, а освен тоа ја пријавува и формата ТП Атиља Адеми – Скопје за која не доставува буквално никакви податоци. Нема податок колку е вредна фирмата во сопственост на нејзиниот брачен другар,, нема податок со кои други фирми е поврзана, нема податок со какви дејности се бави.

Дали Беса Адеми тоа го сторила намерно за да помага во судски процеси на парнерите на нејзиниот брачен другар или од правна неписменост треба да утврди Судскиот совет и ДКСК.

По направени одредени проверки, фирмата ТП Атиља Адеми – Скопје, барем јавно не покажува некаква голема активност. Една од позабележителните активности е сопственоста во друга фирма Премиум тобако ДООЕЛ Скопје. Лицето Атиља Адеми и таму се јавува како управител и сопственик. Оваа фирма нема никаква добивка, но затоа станува сопственик во Полсер инвест увоз-извоз ДООЕЛ Скопје. Фирмата, според јавно достапните податоци остварува одреден приход, но далеку од имотот што го пријавува Беса Адеми.

Која е шемата и причината за отварање на различни фирми од брачниот партнер на Претседателката на Врховниот суд не е јасно , но може да се претпостави со оглед на тоа дека истите и не се пријавени во анкетниот лист.

Дали прикривањето е мотив заради кој што Адеми одлучува да не го пријави, односно да задоцни со пријавувањето по нејзиното именување на претседател на највисокиот суд не е утврдено, бидејќи ДКСК единствено и изрекла прекршочна казна и со тоа го затворила предметот.

Веќе го отворивме прашањето за потеклото на нејзините станови, но засега нема официјална реакција од институциите, а за чесен професионалец кој целиот живот го минал во судница и главниот приход му бил државна плата, Адеми има прилично голем имот. Според анкетниот лист таа поседува два стана во Скопје со вкупна големина од 350 квадрати кои чинат околу 750 000 евра. Адеми пријавила дека поседува стан во Албанија кој наводно чинел околу 50 000 евра и една куќа од 113 квадрати со двор од 1000 квадрати во Љуботен. Како имот пријавила орочен депозит на нејзиниот сопруг ви висина од околу 170 000 евра и две возила. Едното возило е Опел Астра, но затоа прикрила во анкетниот лист какво е другото возило.

Колешката на Беса Адеми, Катица Јанева се прослави со луксузниот тросед кој го доби како подарок за завршени политички нарачки. Афера за подарен тросед се уште не може се врзе со Адеми, но затоа нејзиниот „мерак“ по недвижнини е сличен со меракот на Катица Јанева која исто така ги игнорираше медиумските написи за несразмерно богатење, па дури и се фалеше дека дополнително ќе се збогатела за време на нејзиниот мандат.

-Што се однесува до моите станови и мојот имот, сакам да ви кажам дека јас имам два стана на моите деца. Јас имам уште имот, од моите родители уште не сум наследила ништо, значи мојот имот уште ќе се зголемува, изјавуааше Катица Јанева пред да заврши зад решетки.
Медиумите тогаш пишуваа дека десетте прсти на Катица Јанева за половина година направиле два стана за нејзините синови и ја отворија дилемата „Како се збогати Катица Јанева?“, односно специјалната обвинителка која на новата функција, за половина година купила два стана во Скопје за нејзините деца и еден автомобил. Тогаш беше објавено дека, откако стапила на функција, бидејќи податоците ги немало во анкетниот лист објавен веднаш по нејзиното стапување на функција, купила два стана во Скопје, едниот од 68 м/2, а другиот од 72 м/2 и ги пријавила како имот на нејзините деца. Купила и автомобил голф 4, исто така имот на деца, кој официјално стои дека го купила во 2014, но нејасно е зошто тогаш тој автомобил го нема во првиот анкетен лист кој беше објавен непосредно по нејзиното стапување на функција

Еден од двата луксузни станови на Беса Адеми во Скопје, според пријавеното во анкетниот лист, исто гласи на името на нејзините деца. Модус операнди идентичен како кај Катица Јенва. Без никакво дополнително објаснување од каде децата на Адеми заработиле толкава сума пари, претседателката на Врховниот напишала во анкетниот лист дека станот кој со гаражниот пристор изнесува околу 170 квадрати е купен во 2020 без да се наведе која е неговата цена.
Катица Јанева за сопствената алчност и корумпираност со аферите Рекет заглави на долгогодишна казна затвор. Сега се на потег институциите да го проверат работењето на Беса Адеми и потеклото на нејзиниот имот за да не се дозволи уште една рекет афера целосно да го урниса угледот на судството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…