Шест милијарди евра од ЕУ за Западен Балкан, под еден услов!

t

Европската комисија во средата предложи нов план за економски раст на Западен Балкан, вреден шест милијарди евра, со цел тие земји да почувствуваат одредени придобивки од членството во ЕУ уште пред да станат членки на Унијата.

„Потенцијалот на овој план е извонреден и во следните десет години може да ја удвои економијата на Западен Балкан. Со комбинирање на реформите и инвестициите, планот ќе му овозможи на Западен Балкан наскоро да има корист од клучните области на нашиот единствен пазар, вклучувајќи го слободното движење на стоки, услуги и работници, зоната за плаќања во евра, транспортот, енергијата и единствениот дигитален пазар, “ изјави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

Планот на Брисел предвидува на балканските земји да им се понудат две милијарди неповратни заеми и четири милијарди различни заеми.

Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан во периодот од 2024 до 2027 година тежи шест милијарди евра, од кои две милијарди се грантови, а четири милијарди поволни заеми. Искористувањето на овие средства ќе биде овозможено под услов земјите од Западен Балкан да ги спроведат потребните реформи.

Планот предвидува зајакнување на економската интеграција со единствениот пазар на Европската унија, под услов земјите од Западен Балкан да ги почитуваат правилата на единствениот пазар и да ги отворат своите пазари за соседните земји, во согласност со заедничкиот регионален пазар. .

Комисијата наведува дека охрабрувањето на економската интеграција на Западен Балкан преку заеднички регионален пазар, воспоставен според правилата и стандардите на ЕУ, може да донесе голем раст на нивните економии и да помогне да се забрзаат основните реформи, да се приближат до членството во ЕУ, да се привлечат странски инвестиции и да се зајакне регионална стабилност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…