Путин со воениот врв го посети фронтот во Ростов на Дон
– Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше за ситуацијата на фронтот со своето воено раководство за време на посетата на штабот на Јужниот воен округ во Ростов на Дон.
Путин во Ростов на Дон, кој е на помалку од 100 километри од југоисточната граница на Украина, го пречекаа министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.
Кремљ соопшти дека за време на неговата посета на фронтот, рускиот претседател бил „запознаен со нови видови воена опрема“ и информиран за текот на војната.
Покрај Шојгу и Герасимов, Путин разговараше и со генералот Сергеј Рудској, началник на Главната оперативна управа на Генералштабот, во штабот на јужната воена група во Ростов.
Путин ја оствари посетата на враќање од патувањето во Казахстан.
Тој и минатиот месец го посети воениот штаб во Ростов, каде што шефот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин, во јуни го почна неуспешниот краткотраен бунт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Хорор на коњски трки во БиХ: Влетал…
Тројца луѓе се повредени во драматичен инцидент…
Како Јотова лови гласови на темата Македонија:…
Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори…
Џил Бајден не ја исклучува можноста дека…
Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден,…
Путин ја прогласи „Единствена Русија“ за воена…
Рускиот претседател Владимир Путин, во својот говор на…