Унгарија бара постапка во ЕУ против Бугарија поради воведувањето на данок за транзит на руски гас
Европската комисија добила барање од Унгарија да покрене прекршочна постапка против Бугарија поради воведувањето данок за транзит и снабдување со руски природен гас.
Извор од ЕК му објасни на БНР дека тоа ќе се разгледува во ресорните дирекции, вклучувајќи го внатрешниот пазар, енергијата и трговијата.
Унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока претходно во објава на Фејсбук посочи дека доколку Комисијата веднаш не ја започне постапката, неговата земја до крајот на годината ќе поднесе случај до Судот на правдата на ЕУ.
Бугарија во октомври воведе нова повисока транзитна такса на руското сино гориво, што предизвика остра реакција од Унгарија и Србија.
Според властите во Будимпешта, повисоката такса ќе го доведе во опасност безбедното снабдување на земјата со сино гориво.
Унгарија годишно добива 4,5 милијарди кубни метри гас од Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…
Бугарија дава по 50 евра помош за…
Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…