Нападнат полицаец кај Бит Пазар!
Синоќа, петнаесетина минути пред полноќ на подрачјето на Бит Пазар во Скопје полициски службеници го уапсиле 22 годишниот К.Е. од Турција под сомнение дека нападнал нивен колега, полицаец. Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест по улиците на Струмица. Директен повод беше неодамнешниот напад од поголема група граѓани врз полицаец во селото Баница, кој притоа се здоби со тешки телесни повреди и траен инвалидитет.
„Според пријавеното, во близина на угостителски објект на подрачје на Бит Пазар, уапсениот физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираа од МВР.
Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест по улиците на Струмица. Директен повод беше неодамнешниот напад од поголема група граѓани врз полицаец во селото Баница, кој притоа се здоби со тешки телесни повреди и траен инвалидитет.
Како што беше истакнато на протестот, полициските службеници секојдневно се напаѓани, малтретирани и повредувани, а кога се обидуваат да се заштитат против нив се покренуваат обвиненија за малтретирање во вршење на службата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…
Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…
Утрово во 03:00 часот во кругот на…