Политико: Бугарскиот гас ја нервира Европа, а Македонија нема одговор за таксата од Софија

t

Македонската Влада реагираше до Европската комисија за таксите што ги воведе Бугарија за транзит на руски гас. Србија и Унгарија, исто така се загрижени дека овој потег ќе значи повисоки сметки за нивните потрошувачи

Кога станува збор за руската енергетска империја, Бугарија со едната рака дава, а со друга зема – а на Европа ѝ е преку глава, пишува европското издание на „Политико“, кое важи за многу блиско до највисоките кругови во Брисел, пренесува њуз.бг.

„Минатиот месец Софија ја погоди Русија со нов данок на извозот на гас во ЕУ – обид на новата, реформистичка администрација на земјата да се покаже како пријател на Западот и демонстративно да удри по интересите на Кремљ. Но, овој потег ги налути соседите на Бугарија и прорускиот претседател на земјата, кој побара од највисокиот суд да ја разгледа неговата законитост“, пишува меѓу другото „Политико“.

Кога минатиот месец Бугарија воведе данок од 10 евра за мегават-час на рускиот гас што транзитира низ земјата од Турција, таа тврдеше дека овој потег ќе помогне да се соберат 1,2 милијарди евра од многу потребните средства, а истовремено да се намалат приходите на Москва за време на војната. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев инсистираше на тоа дека соседните земји немаат причина да се грижат, бидејќи транзитот не е суспендиран и „не гледа зошто тие на прво место би имале проблем со данокот“.

„Меѓутоа, мерката веднаш предизвика гнев кај соседите на Бугарија – потрошувачи на руски гас. Србија и Унгарија се спротивставија на повиците за прекин на рускиот гас, а исто така се загрижени дека овој потег ќе значи повисоки сметки за нивните потрошувачи. Во меѓувреме, Грчката федерација на претпријатија, минатата недела рече дека ќе го однесе прашањето во Брисел, тврдејќи дека данокот „го прекршува правото на ЕУ“ и ќе наметне „дополнителни оптоварувања за сите сектори, бизниси и потрошувачи. Република Македонија ќе бара компензација доколку биде засегната од бугарската транзитна такса за рускиот гас“, објаснува „Политико“.

Во меѓувреме, македонската Влада реагираше до Европската комисија за таксите што ги воведе Бугарија за транзит на руски гас преку гасоводот. Премиерот Димитар Ковачевски е против воведувањето на оваа такса. Според него, тоа значи дека таквиот надомест ќе доведе до поскапување на струјата и на парното за 20 отсто. Поради тоа, нашата земја побара да се ослободи капацитетот за да може да набавува гас од други извори. Премиерот Ковачевски истакна дека на оваа тема разговарал и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

За потсетување, Бугарија од 13 октомври воведе вонредна енергетска такса за пренос и транзит на руски природен гас низ нејзината територија во износ од 10 евра за мегават час, а првите пари од таксата се очекуваат од 14 ноември.

Асен Василев не знае дали „Гаспром“ ќе ги плати новите давачки

На 14 ноември (вторник) ќе стане јасно дали „Гаспром“ ќе ја плати новата транзитна такса. Министерството за финансии добило писмо во кое се вели дека „Гаспром“ е доволно богата компанија, соопшти бугарскиот министер за финансии Асен Василев за БНТ. Но врз основа на овој допис не се знае што ќе се случува во наредните денови. Претходно Унгарија побара кривична постапка против Бугарија за таксата за транзит на руски гас.

„Европската комисија (ЕК) треба веднаш да започне прекршочна постапка против Бугарија поради новововедениот данок на енергија“, напиша на Фејсбук министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока. Според него, бугарската мерка „се квалификува како должност или нешто слично на должност“, што е во спротивност со заедничкиот пазар на ЕУ, трговската политика и царинската унија, а исто ја нарушува и т.н. Енергетска повелба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…

ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…