Ковачевски-Курти: Мирно решавање на споровите е клучно за напредок на Западен Балкан

t

Клучно за напредокот на Западен Балкан е решавање на отворените регионални прашања, вели премиерот Димитар Ковачевски по средбата со косовскиот премиер Албин Курти.

– На средбата со косовскиот премиер Албин Курти разговаравме за нашата соработка, која е сеопфатна и во постојан подем. Ставивме фокус на економската и енергетската соработка. Разменивме мислења и за состојбите во регионот и дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Клучно за напредокот на Западен Балкан е мирно решавање на отворените регионални прашања, како и интензивирање на соработката меѓу земјите, што ќе биде придонес за стабилноста на целиот регион.- напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Шолц: Германија е подготвена да ја поддржи…

Германскиот канцелар Олаф Шолц му честиташе на…

Вежба на КФОР во Бондстил

Припадниците на мисијата на КФОР денеска изведоа…

Косовска полицајка пронајдена мртва во Гњилане

Трагедија го потресе Гњилане во Косово, откако…