Иако сме најсиромашен народ на Балканот, кога е најпотребно делиме од тоа малку што го имаме – ДНК добитници на награда за хуманост
Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески-Андреј од ДНК се годинешни добитници на наградата „13 Ноември“ од Град Скопје за повеќе од 20-годишен придонес преку одржување на бројни хуманитарни концерти.
Велат дека оваа награда им е најзначајна.
– Ова е дефинитивно нашата најзначајна награда со оглед на тоа што градот Скопје ни ја додели во областа на хуманитарната активност и придонес кон македонската поп музика во градот и пошироко, за што се заслужни нашите синглови, албуми, солистички и хуманитарни концерти и се разбира, Вашата поддршка како во последниот период така и последните 21 година, порачаа од ДНК.
Во изјава за Скопје Инфо од ДНК велат дека скопјани се хумани граѓани.
– Да, скопјани се посебно хумани, но и останатите граѓани од Македонија. За жал живееме во такво општество каде сами ги решаваме работите и иако сме најсиромашен народ на Балканот имаме разбирање кога е најпотребно и делиме од тоа малку што го имаме. Поддршка имаме буквално од сите добри луѓе кои се во можност да помогнат. Во иднина не планираме да застанеме како на хуманитарен така и на музички план и да ја промовираме македонската поп музика, но и хуманоста токму за луѓето и нашите поддржувачи кои ни даваат дополнителен мотив низ сите овие 21 години наше постоење, порачаа добитниците на овогодинешната награда.
Фото: Тоне
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…
МВР: За само пет дена 25 пријави…
Во периодот од 1 до 5 ноември,…
НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…
Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…
Пример за многу други: Хориха во првиот…
Македонската ракометна репрезентација вчера забележа победа против…