Објавено на:

„Вашингтон пост“: Пентагон користи “забрането руско гориво”

t

Откако западните земји минатата година го забранија увозот на руска нафта, грчката рафинерија која ја снабдува американската војска многу брзо се адаптираше, пишува „Вашингтон пост“.

Според овој американски весник, Грција им кажала на инвеститорите дека не ја прифаќа забранетата нафта, но нашла други извори на снабдување.

Сепак, нафтата што доаѓа од Русија продолжи да тече до рафинеријата „Мотор оил Хелас“ на Егејското Море, покажуваат податоците за транспортот и трговијата до кои дојде „Вашингтон пост“.

Трасата што минува низ складиштето за нафта во Турција беше променета, прикривајќи го потеклото на нафтата, бидејќи таа се менуваше неколку пати додека не стигна во Грција.

„Вашингтон пост“ имаше увид во евиденцијата за испораката и протокот на мазут, што Пентагон го купува за своите авиони и бродови. Откако стапија на сила санкциите на Европската унија, руските испораки преку турскиот нафтен терминал Дортиола изнесуваа вкупно 2,7 милиони барели, што е повеќе од 69 отсто од мазутот испорачан по морски пат до тоа пристаниште во тој период.

Од нив Дортиол испратил 4,2 милиони барели мазут на „Мотор оил Хелас“. Не може да се утврди точната количина на руски мазут што го купил Пентагон, пишува „Вашингтон пост“.

Пентагон потпиша нови договори за грчка рафинерија во вредност од речиси 1 милијарда долари откако американската забрана стапи на сила во март минатата година.

Од февруари, повеќе од еден милион барели гориво од грчката рафинерија отидоа за клиенти во Италија, Франција, Шпанија и Велика Британија.

Откритието ги потврди тврдењата на Белата куќа дека ембаргото за руската нафта не функционира. Портпаролот на Пентагон изјави дека нема информации оти руското гориво завршило кај американската војска преку грчка рафинерија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

„Вашингтон пост“: Русија демонстрира воена и економска…

И покрај очекувањата на Западот, Русија успеа…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Русија останува отворена за дијалог со Западот

Русија останува отворена за дијалог за безбедност…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…