Во Германија досега се обучени околу 8.000 украински војници

t

Во Германија досега се обучени околу 8.000 украински војници.

„Очекувам дека до крајот на годината ќе обучиме околу десет илјади војници, во околу 200 модули за обука“, изјави генерал-полковник Андреас Марлоу, командант на мултинационалната единица за обука.

Таа воена единица се наоѓа во Штраусберг во близина на Берлин и управува со мисијата за обука ЕУМАМ на Европската Унија, почната пред една година. ЕУМАМ обезбедува темелна обука и низа специјализации, како што се оние за медицински лица, снајперисти и тенкисти.

Марлоу рече дека со текот на војната се менува и акцентот на обуката, од одбранбени во офанзивни операции.

Генерал-полковникот рече дека Украинците минуваат низ шестнеделна основна обука, по што следат шест недели специјализација, пренесува ДПА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЕПСО бара зголемување од 97% на цената…

МЕПСО бара зголемување од над 97 проценти…

Мицкоски ќе учествува на Самитот на Берлински…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски утре, 22…

Осум новозаразени со ХИВ/СИДА во септември, евидентирани…

Осум нови случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани…

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри…

Здружението на родителите на загинатите деца во…

Општина Бутел воведува комунални редари — ќе…

Поради големиот број депонии и непрописното одлагање…