ОДЕТЕ СЛОБОДНО: Од денеска почна да работи пунктот за вадење лични документи во ПС „Пролет“

t

Од денеска официјално започнува со работа новоотворениот пункт во полициската станица „Пролет“, кадешто граѓаните кои не ги замениле личните документи ќе имаат можност, без закажување да го направат тоа.

Во изјава за медиумите, министерот Оливер Спасовски вели дека пунктот ќе биде со работно време од 8 наутро до 18 часот, со можност за продолжување на работното време за уште два часа. Според проценките, дневно ќе бидат опслужувани 1000 граѓани.

„Досега инсталиравме 10 нови работни станици каде што можат граѓаните да се сликаат за новите лични документи . Системот е тестиран и овозможува околу илјада граѓани да се сликаат дневно“, изјави Спасовски.

Спасовски вели дека ако се продолжи со оваа динамика ќе се променат личните документи до предвидениот законски рок, 14 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…

МВР: За само пет дена 25 пријави…

Во периодот од 1 до 5 ноември,…

НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…

Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…

Пример за многу други: Хориха во првиот…

Македонската ракометна репрезентација вчера забележа победа против…