Коциќ: Убеден сум дека кандидатот на СДСМ ќе победи на претседателските избори
Ние како политичка партија ќе застанеме зад оној кандидат за претседател кој ќе процениме дека е најдобар избор. Убеден сум дека кандидатот на СДСМ и коалицијата ќе ги добие идните претседателки избори, исто како што претходно ги доби Стево Пендаровски, рече пратеникот од СДСМ ,Ненад Коциќ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Коциќ посочи дека изборот на претседател на држава треба да биде највисок демократски чин во една држава, без опструкции.
-Ставот наш е сконцентриран за она што е најважно во државата, тоа е продолжување на евроинтегративниот процес, второ справување со кризите кои постојат во моментов и трето изборите односно да се договориме сите партии со консензус за датумот на нивно одржување. Нашиот став е во името на демократијата тие да бидат во редовен термин, рече пратеникот од СДСМ ,Ненад Коциќ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Тој посочи дека коалицијата е стабилна, законите се гласаат, нема промени во однос на колегите ниту на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…