Што се случува во здравството? Штрајкови, обвинувања за мобинг и незадоволство
Директорите во Клинички центар и во градските општи болници деновиве вршат невиден мобинг во здравствените установи што ги раководат, врз здравствените работници, врз администрацијата и сестрите, тврдат од Независниот синдикат на здравствени работници и административно-технички персонал.
„Мобингот го вршат преку закани, преместување од едно на друго работно место. Освен тоа што вработените имаат картички за куцање за работно време, приморани се и да се потпишуваат во тетратки за тоа кога дошле на своето работно место и кога си заминале дома. Здравството го враќаат 20 години наназад. Директорите, раководителите и главните сестри едноставно се изживуваат врз работниците. Дали се враќаме во робовладетелско општество? Ние како независен синдикат на здравствени работници и административно – технички персонал кој е во состав на КСОМ стоиме на располагање на сите вработени во здравството охрабрувајќи ги да пријават секаков вид мобинг на работното место, затоа што КСОМ има тим од 58 адвокати кои ќе ве застапуваат бесплатно“, велат оттаму.
И вработените од Заводот за физикална медицина и рехабилитација за во 10 часот утринава најавија штрајк во дворот на здравствената установа, поради тоа што не добиле плата.
Утре независниот синдикат на здравствени работници најави протест, а според неофицијални информации на „Слободен печат“ и тие се соочувале со притисоци. Нивните барања се зголемување на платите за 30 проценти, нов колективен договор, бенифициран стаж, зголемување на инфективниот додаток од 1 на 4 проценти и трансформација на работниот однос од определено на неопределено време. Нивниот протест од утре ќе се одвива на работните места за време на паузите од 10 и 30 до 11 часот.
Извор: slobodenpecat.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…