Драмски театар во вторник ќе одржи комеморација за Мето Јовановски

t

Драмски театар Скопје соопшти дека комеморацијата за актерот Мето Јовановски ќе се одржи во вторник на 21 ноември во 11 часот на големата сцена на театарот.

Посмртните останки на Мето Јовановски ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во понеделник на 20ти ноември во 11 часот.

Јовановски почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст. Целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Од дипломирањето во 1971 година кога застана на сцената на Драмски со претставата „Што виде собарот“, во себе ја носеше истата жар за професијата.

Јовановски беше роден во 1946 година во с. Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. Работеше и како професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни метности во Скопје

Играше во над 60-тина филмски и телевизиски наслови: „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“, а кои го добил највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…

Возење со брзина поголема од 200 километри…

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…

Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…

Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…

Трамп: Америка со последните избори направи голем…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…