Објавено на:

Силен топлотен бран го погоди Бразил

t

Температурата достигнала рекордни вредности во областите околу градот Рио де Жанеиро, каде што надминала 52,5 степени Целзиусови, јавува Би-Би-Си.

Повеќе од сто милиони луѓе се погодени од горештините, а овој топлотен бран секако ќе трае до петок, 17 ноември.

Надлежните веруваат дека оваа топлина е дел од феноменот „Ел Нињо“ и последица на климатските промени.

Националниот метеоролошки институт Инмет објави дека просечната температура во Сао Паоло е 37,3 степени Целзиусови.

“Изнемоштена сум, тешко е. Не можам ни да станам затоа што сум многу уморна. Тешко е да спијам”, изјави Рикелме да Силва (22).

Дора, 60-годишна улична продавачка, ја опиша топлината како „неподнослива“ за оние кои работат надвор.

Институтот објави црвено предупредување за голем дел од земјата, што значи дека температурата е над просекот за пет степени Целзиусови повеќе од пет дена и претставува опасност по здравјето на луѓето.

Екстремните временски услови стануваат сѐ почести и поостри ширум светот поради климатските промени, јавува Би-Би-Си.

Минатата недела Инмет објави студија која покажува дека просечната температура во земјата е над историскиот просек од јули до октомври.

Екстремните временски услови стануваат сѐ почести и поинтензивни на многу места низ светот поради климатските промени.

Во меѓувреме, Земјата моментално е во временска фаза Ел Нињо, за време на која глобалните температури обично се зголемуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…

Новата учебна година во Битола ќе ја…