Димитриевски: Дојдовме во Рим да одиграме уште еден голем натпревар
Голманот на Рајо Ваљекано и македонската репрезентација Столе Димитриевски како и секогаш е оптимист пред вечерниот меч против Италија во Рим.
Искусниот чувар на мрежата е свесен што го очекува на Олимпико, но верува во добар резултат пред крајот на квалификациите за Европското првенство.
„Знаеме дека на Италија ѝ се потребни бодови за пласман на Еуро 2024, но и нам ни требаат бодови. Ќе биде тешко, ама уште имаме надеж дека ќе се пласираме и ние и затоа дојдовме во Рим да одиграме уште еден голем натпревар.
Претходниот меч против ‘аѕурите’ на италијанско тло беше историски за нас и благодарение не Трајковски направивме нешто што ретко се гледа. Јас сум особено поврзан со Италија бидејќи во 2017 година дебитирав за македонската репрезентација на мечот во Торино кога одигравме 1-1. Италија е големо име во светскиот фудбал, но и покрај тоа, ние секогаш наоѓаме начин против вас да играме најдобро“, изјави Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 25 октомври започнува зимското сметање на…
Зимското сметање на времето годинава започнува на…
Папата Лав XIV денеска излегува од болница…
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV,…
Контрадикторни изјави во Бугарија за Ива: „Легално“…
Наспроти тврдењето на бегалката од македонската правда…
Македонија има злато во карате: Марко Џорлев…
Македонскиот каратист, Марко Џорлев на Светското првенство…
Затворски казни за навивачи на Хајдук поради…
Првата судска пресуда поради скандалозните нацистички извици…