Објавено на:

Македонија има злато во карате: Марко Џорлев е светски шампион

t

Македонскиот каратист, Марко Џорлев на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјeлско Бјала, Полска оствари историски успех освојувајќи го златниот медал. Со што се закити со титулата светски шампион.

Со победата над Адам Ваги од Унгарија во финалето со 4:1, Џорлев го оствари еден од најголемите успеси во историјата на македонското карате.

Штипјанецот претходно ги елиминираше: Алехандро Перез (Куба) , Хозе Андрес Гарсија (Гвајана), Леонс Акоповс (Латвија) и Јан Мата (Панама).

Џорлев годинава го освои златниот медал во Светската младинска лига во Пореч и сега е лидер на ранг-листата на ВКФ. Утре Реџеп Рушити (-84 кг) во У-21 ќе се бори за бронзениот медал.На СП ќе настапуваат 2022 каратисти со 1970 натпреварувачки влезови од 114 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија има злато во карате: Марко Џорлев…

Македонскиот каратист, Марко Џорлев на Светското првенство…

Македонските каратисти најуспешни на ЕТКФ Европскиот куп…

Македонската репрезентација во традиционално карате остварија извонреден…

Левица: Македонските каратисти со сопствени средства патуваат…

Од Левица реагираат дека македонските каратисти кои…

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани читатели на Инфомакс, Ве замолуваме доколку…

Македонските каратисти се подготвуваат за настапот на…

Македонската карате репрезентација во борби ја темпира…