Тажна вест: Планинар од Скопје починал на Пелистер, пронајден е на околу 2.000 метри надморска височина

t

Од Регионалниот ЦУК Битола и од Министерството за внатрешни работи, информираа дека телото на починатиот планинар било забележано кај меноста „Ловечка куќа“, а според првичните сознанија се работи за повозрасно лице од Скопје, со иницијали А.С.

Планинар од Скопје починал во националниот парк Пелистер. Од Регионалниот ЦУК Битола и од Министерството за внатрешни работи, информираа дека телото на починатиот планинар било забележано кај меноста „Ловечка куќа“, а според првичните сознанија се работи за повозрасно лице од Скопје, со иницијали А.С.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја извести Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови и тие се  ангажирани телото на починатото лице да го транспортираат до првото место каде што може да дојде возило на Итна медицинска помош за да го преземе.Екипа на МВР треба да изврши увид на местото и да ја утврди причината за смртта на планинарот.
Местото каде што било пронајдено лицето кај месноста „Ловечка куќа“ се наоѓа на околу 2.000 метри надморска височина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вчера имало 41 пожар: Уште гори на…

ЦУК: Вчера, вторник, 06.08.2024 година на територија…

(Видео) Тажно е во Тажево, изгорени се…

Во селото Тажево се изорени неколку напуштени…

(Видео) Активни се осум пожари, огнот сѐ…

Од вкупно 13 пожари денеска изгасени се…

Гори во пола држава: Девет пожари се…

Во текот на 31.07/01.08.2024 година, имаме вкупно…

(Фото) Нов пожар во Битола во близина…

Пожар избувна во близина на железничката пруга…