Министрите на арапските и исламските земји од Пекинг повикаа на примирје во Газа
Министрите на арапските и исламските земји денеска од Пекинг повикаа на итен прекин на огнот во Појасот Газа и испорака на хуманитарна помош во палестинската енклава.
Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји за време на средбата со дипломати од арапските и муслиманските земји изјави дека меѓународната заедница мора да преземе итни мерки за да се запре „хуманитарната катастрофа“ што се случува во Газа.
– Да работиме заедно на брзо смирување на ситуацијата во Газа и да го вратиме мирот на Блискиот Исток што е можно поскоро, рече Ванг и потврди дека Кина целосно го поддржува повикот за прифаќање на решението за две држави.
Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фајсал бин Фархан ал Сауд рече дека меѓународната заедница треба да преземе одговорност и да го запре Израел.
Делегација на арапски министри, која треба да се сретне со официјални претставници на сите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, исто така се обидува да изврши притисок врз Западот да ги отфрли израелските оправдувања дека воените акции против Палестинците се чин на самоодбрана.
На вонредниот заеднички исламско-арапски самит во Ријад претходно овој месец, беше побарано прекин на блокадата на Газа, пристап до хуманитарна помош и стопирање на продажбата на оружје за Израел. Исто така беше упатен повик до Меѓународниот кривичен суд да ги истражи, како што беше наведено, „воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени од Израел на палестинските територии“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „…
СВР Битола поднесе кривични пријави против три…
Пожарот во прилепско Чаништа се движи во…
Како што инфомираше синоќа директорот на ДЗС,…
Забележана појава на фишинг напади: МВР со…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Македонското Собрание ќе ја одбележи 35-годишнината од…
Во понеделник, 24 август, во Собранието, со…
ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…
Економските резултати се мерат со бројки, а…