Славче Таневски – Македонец кој работи за Мерцедес: Тука квалитетот е пресуден, не е важна националноста

t

Славче Таневски е млад и успешен автомобилски дизајнер од Македонија кој повеќе од 12 години дизајнира автомобили за Мерцедес во Германија.

Македонската, но и светската јавност го запозна по дизајнирањето на моделот „CLA“ на Мерцедес, но како што вели од магнатот го запознале уште како практикант во 2009, бидејќи победил на конкурс за дизајн и освоил 6 месечна пракса во дизајн студиото во кое работи и денес. По само неколку месеци добил понуда за работно место, а од неодамна е и на раководна функција.

“Заради карактерот на работата – строго доверливо, професијата автомобилски дизајнер не е фриленс професија како што можеби мислат повеќето. Тука е потребна голема лојалност, професионалност и доверба. Пред се некому да дадете доверба за пристап до целата иновативна технологија па подоцна и можност за некакво влијание врз истата. Од тој аспект се работи за работно место на неограничено време”, додава Таневски.

Вели не е лесно да се дојде до ваква работа од Македонија, па затоа тој во 2007 година се преселил во Германија и запишал студии за транспортен дизајн во Минхен. Без вакви студии е невозможно да добиете работа во овој занает. А ваквите школи во светот се бројат само на две раце. Најблиската и накекономична опција за него била Германија, но како што вели таму има и најмногу потенцијални работодавачи, затоа го направил овој избор.

“Како професионален дизајнер прв проект ми беше GLC Coupe, потоа CLA, две концептни возила, до најскоро првиот електричен Maybach во историјата, новата генерација на AMG SL и AMG GT. Обично започнуваме со проектот 4 години пред неговото производство. Секако тоа бара доста јака визија. Истовремено треба моделот да е временски релевантен од технолошки аспект, но и да има безвремески изглед, нешто што ни е вредност на марката. Тука спаѓаат проекти како лимузините и СУВ возилата на Мерцедес но и сите АМГ и Мајбах возила”, вели тој.

Довербата, доброто познавање на занаетот, визијата, професионалноста, искуството, познавањето на германскиот јазик и многу други квалитети, вели го донесле до оваа функција на која штое сега, додавајќи дека таму калитетот е пресуден, а не националноста. Сега одговорен е за тим од дизајнери со кои го креираат надворешниот изглед на автомобилите, а негова задача е да ги мотивира останатите од тимот, заеднички да наоѓаат креативни решенија, но и целосен надзор на сите тековни проекти.

За него, вели, Македонија во никој аспект не може да ја наречае мала. За него е најголема (greatest). Тоа што ја прави навидум мала е само ограниченоста на одредени индивидуи кои се на власт и таа ограниченост ја проектираат на народот за да го контролираат.

“Голем патриот сум и скоро целиот мој одмор сум во Македонија со моите сакани. 8-9 пати годишно слетувам на аеродромот во Скопје. Го сакам градот во кој израснав, но за жал се помалку и помалку го препознавам. Сакам да сум опкружен со згради од брутализмот а не оние од урбаната мафија. Четврт бурек во некоја маалска бурекџилница, пиво во парк на трева…” истакнува Славче.

За младите има порака дека секогаш треба целосно да ги искористуваат можностите кои им ги нуди модерниот свет и технологијата, како и тоа секогаш да го работат она што ги прави среќни и ги исполнува, затоа што нема да работат ниту еден ден во животот. Вели, тие денес, за разлика од него во тоа време, имаат пристап до сите можни информации, светот е намален и е дофатлив.

“Во мое време за да дознаам кои документи ми требаа за упис на факултетот морав физички да отидам до таму, а за тоа ми требаше виза. Денес го немаме тој проблем. Имаме вештачка интелигенција, google, youtube за совет или за туториали од секаков вид. Битно е да се има страст, ориентација и фокус. Што не привлекува, во која професија сакаме да се реализираме? Што не прави среќни? Доколку ја работиме работата што ја сакаме, нема да ни биде работа туку хоби. Мене ми е уште така и после толку години”, истакнува Таневски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…

Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…

„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…

На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…

На 8 ноември 1906 година, во штипско…

Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…

Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…

148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…

„Вие само ќе треба да му кажете…