Бугарофилите кои играа оро на протести и се согласија на внесување на Бугари во Уставот ја критикуваат Левица
Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, ги коментира соопштенијата на “опозициската” ВМРО-ДПМНЕ кои ја напаѓаат Левица откако СДСМ и ДПМНЕ заедно ги изгласаа измените на Собранискиот Деловник.
– Еве како изгледа соопштение од Министерство за опозиција:
ДПМНЕ: Левица молчи за Онкологија и францускиот предлог.
Бугарофилите кои оро играа на протести, се повикуваат на континуитетот на фашистот Ванчо Михајлов и чиј лидер на т.н. ,,лидерска средба” СЕ СОГЛАСИ ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИ ВО УСТАВОТ.
Криминалофилите кои преку своите медиуми се обидуваа со сите сили да ги оцрнат протестите за скандалот со Онкологија.
Милионери-социопати кои немаат доволно сила како ‘национална буржоазија’ да се спротистават на надворешни претензии, туку сетта социопатска нарав ја истураат врз секојдневието на својот народ, бидејќи се мизерни измеќари на бугарските структури. – напиша Мециновиќ на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…