Кавга во ЕП за Македонија предизвикана од бугарските европратеници во присуство на премиерот Денков

t

Бугарски европратеници од десничарска провиниенција влегоа во вербален судир со пратеници на либералите и Зелените поради блокадата на Македонија во ЕУ, во Европскиот парламент во Стразбур, на седница на која гостин беше бугарскиот премиер Денков, пренесе „Дојче веле“

Најпрво европратеникот Ангел Џамбаски од ВМРО му забележал на претседавачот на либералната групација во ЕП „Обнова на Европа“ дека не кажал ништо „за репресијата и насилството врз Бугарите во Македонија негирањето на правото на самоопределување.

– Во вашата групација има луѓе кои се преправаат дека не го гледаат насилството против Бугарите во Македонија. Објаснете им го – порача Џамбаски, информира „Дојче веле“.

Потоа, пратеникот на Зелените од Германија, Рајнхард Бутикофер му порача на Денков дека во обраќањето „ниту еднаш не го споменал името Северна Македонија, земја чиј влез во ЕУ досега беше блокиран од Бугарија“.

– Може ли некој да ги спори искрените европски аспирации на Северна Македонија, која дури си го смени и името за да ги отвори вратите на Европа? По говорот на омраза од г. Џамбаски, би сакал да ве прашам г. премиер што ќе сторите за да ја отворите вратата за Северна Македонија?“ – го праша Бутикофер бугарскиот премиер Денков.

Бугарскиот европратеник, Андреј Слабаков од ВМРО на Бутикофер му рече да не зборува за говор на омраза туку „да дознае што се случува во Македонија“.

Потоа премиерот Денков кажа дека не прифаќа критики кон Бугарија и рече нема други барања надвор од францускиот предлог.

– За жал, низ годините нашите односи се влошија, и не мислам дека Бугарија е виновна за тоа. Затоа, сакам јасно да кажам дека во моментов Бугарија нема никакви други барања кон Северна Македонија, освен оние наведени во одлуката на ЕУ од минатата година. Денес нема односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, има односи меѓу Северна Македонија и ЕУ. Тие мора да се исполнат од Северна Македонија за да се отвори преговарачкиот процес – рече Денков, пишува „Дојче веле“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погреб на демократијата во Албанија: Усвоена новата…

Албанскиот парламент по  маратонска расправа, доцна синоќа,…

(Видео) ТЕНЗИИ ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Запалени се…

Тензично во и надвор од албанскиот парламент,…

Стерјовски: Како Македонци бараме загарантирано место во…

Лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса…

„Не се рекламирајте на проруски медиуми на…

Големите брендови како Лидл, Кока-Кола и Лореал…

Речиси 8.000 мигранти илегално влегле во Словенија…

Предлогот за формирање нови центри за азил…