Мурињо: Јас сум единствената будала која си заминала од Реал Мадрид по своја желба!

t

Сагата околу (не)заминувањето на Карло Анчелоти од Реал Мадрид и неговата промоција во нов селектор на Бразил и понатаму е топ вест во светските медиуми, но и покрај тоа поранешниот стратег на „кралевите“, Жозе Мурињо не им верува на овие шпекулации.

Португалецот е убеден дека Италијанецот до крајот на сезона ќе потпише нов договор и дека ќе остане на „Сантјаго Бернабеу“.

„Кога имате супер тренер, зошто би барале нов. Познавајќи го Флорентино, а јас го познавам многу добро, работата е прилично јасна. Јас сум голем фан на Карло и се надевам дека ова ќе биде успешна сезона и дека тој ќе потпише нов договор. Не се сомневам во желбата на Анчелоти да остане, мислам дека во оној момент кога Флорентино ќе му се јави експресно ќе биде постигнат нов договор. А тој ќе му се јави, тоа е сигурно. Само луд човек може да го напушти Реал Мадрид ако Реал Мадрид сака тој човек да остане. А има само еден таков луд човек, тоа сум јас – по три години управата беше толку цврсто решена да ми даде се за да останам, но јас имав одлучено дека е време да си заминам. Бев будала“, изјави Мурињо.

Сегашниот предводник на Рома заедно со Анчелоти и со Зинедин Зидан се единствените тренери кои стигнале до 100 средби на кормилото на Реал по заминувањето на Дел Боске пред 20 години.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Напнато во Париз: Уапсени демонстранти, запленето…

Француската полиција денеска до 11 часот уапсила…

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко…

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана…

Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром

Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…

Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок…

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција…

Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…

На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…