Светско јуниорско првенство во шах: Антон Златков најдобар македонски претставник!
Со натпреварите од последното 11 коло синоќа во италијанскиот град Монтесилвано заврши Светското шаховско поединечно првенство за јуниори во возрасни категории до 14, 16 и до 18 години.
Од осумте македонски натпреварувачи во машка и женска конкуренција, најдобар пласман оствари Антон Златков со шест бодови на 48 место на турнирот до 16 години.
Инџи Ајрадиноска (до 18) го освои 54 место со пет бодови, Теодор Јовановски (до 18) со освоени 5.5 бодови се пласираше на 75 место, додека Стојан Велкоски (до 18) со ист број бодови се најде две места подолу во конечниот пласман.
Јована Давиткова (до 16) се пласираше на 82 место со 4.5 бодови, Никола Бошковски (до 16) со четири бодови на 114 место, Ивана Велкоска со три бодови на 118 место, додека Малакај Насков го заврши настапот со пет босови на 124 место.
На Светското првенство настапија вкупно 766 учесници во сите категории, 450 во машка и 316 во женска конкуренција од 92 држави.
Новите светски прваци по категории се:
До 18 – Алексеј Гребнев (Русија) 9.5 бодови и Ајан Алахвердиева (Азербејџан (9.5 бодови.
До 16-Јакуб Семан (Полска) 9.5 бодови и Ванг (Кина) 10 бодови
До 14 – Павел Совински (Полска) 9 бодови и Афруза Хамданова (Узбекистан) 10 бодови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко…
Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана…
Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром
Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…
Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок…
Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција…
Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…
На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…
Филипче ја обвини Владата за попречување на…
Младите имаат право на научно засновани информации…