Објавено на:

Ништо од размената на затвореници и заложници во Газа, Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат

t

Ова е втор ден од примирјето во Газа и продолжува размената на заложници и заробеници. Иако беше најавено дека Хамас ќе ослободи 14, а Израел 42 лица, според последните податоци, бројот на ослободените ќе биде ист како и вчера – ќе бидат ослободени 13 заложници и 39 затвореници. Размената е одложена бидејќи Хамас бара Израел да ослободи повеќе камиони со хуманитарна помош.

Прегратки, бакнежи, солзи. Истите емоции, иста радост, иста тага од двете страни на војната.

Родителите конечно се со децата, некои по речиси 50 дена, некои по неколку години.

„Ова е најубавото чувство на светот, дека Кусај е тука, дека му подготвувам појадок, по година и четири месеци. Досега само гледав во празното столче, а денес е тука, денес е најубавиот ден“, изјави мајката на еден од ослободените заложници Ханан Такака.

Повеќе израелски и палестински семејства ќе ги пречекаат своите најблиски денес и ќе поминат низ сите емоции што ги видовме.

Сепак, палестинскиот функционер задолжен за размената вели дека Израел не го почитува договорот и не ослободува затвореници според должината на нивниот престој во затвор и дека тоа може да биде проблем во ова примирје.

Низ страдање минуваат и оние кои се вратија во своите домови во јужниот дел на Газа и пронајдоа урнатини.

„Се вративме и го најдовме ова, целосно уништување. Во секоја војна ни се уништува куќата, до кога, до кога треба да трпиме. Изгубивме седум членови на семејството, соседи“, изјавила Палестинката која ги пронашла урнатините.

Истото важи и на северот на Газа, во близина на бегалскиот камп Џабалија

„Кога заминав одовде го изгубив умот, што да кажам, погледнете како изгледа се. Мојот син е на југ, не знам ништо за него, не знам ништо за моите ќерки. Сите домови беа уништени, останавме без деца, без покрив над главата“, вели Тахани Ал Наџар.

Камиони со хуманитарна помош и денеска влегоа во Газа, а стотици луѓе чекаа со часови да ги наполнат боците со гас, некои неуспешно

Светската здравствена организација објави дека директорот на болницата Ал Шифа останува во притвор, како и уште тројца лекари кои беа уапсени од израелските сили за време на евакуацијата од Газа.

И додека аналитичарите проценуваат дека и Хамас и израелската армија го користат примирјето за да се прегрупираат и да се одморат, од Египет доаѓаат информации дека страните се блиску до договор за продолжување на примирјето за ден или два.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…

Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…

Марко Колев го остави Велес без еколошка…

Марко Колев го остави Велес без еколошка…

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…

Тајланд ќе го рекриминализира канабисот

Тајланд ќе го рекриминализира канабисот Потегот за…

Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…

Република Македонија мора да покаже политичка волја…